„Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат тоа“, се наведува во соопштението на ЕСМ.

Од компанијата велат дека најголема потреба од вработени има во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87 проценти од огласите за врабтување се однесуваат на ваков кадар, а само 12 проценти се однесуваат за работни места во административниот дел, но и тие се во функција на производствениот процес. 

На новинарско прашање зошто ЕСМ има потреба од нови 500 вработувања кога не е во добра состојба и дали станува збор за предизборни вработувања во јавниот сектор, премиерот Димитар Ковачевски кратко изјави дека изборите се на 8 мај 2024, а денеска е декември 2023 година.