Естер Линч избрана за нов Генерален Секретар на ЕТУК
Доскорешната заменик на Генералниот секретар Естер Линч денеска беше избрана за нов Генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати – ЕТУК, објавија од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, чии претставници зедоа учество на 15-от Конгрес на оваа организација.
На овој Конгрес беа избрани и лидери на останатите тела на Конфедерацијата, а свое обраќање на истиот имаше и Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, како и Канцеларот на Германија Олаф Шолц.
Од КСС изразија задоволство за изборот на новиот Генерален секретар и порачаа дека соработката со најголемата Конфедерација на синдикати во Европа која брои 45 милиони членови, продолжува.
Во прилог фотографии од Конгресот:
[ngg src=”galleries” ids=”18″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]