Министерот информира дека во консултација со јавните здравствени установи се откажуваат сите хронични пациенти чија претходно закажана интервенција може да се одложи да бидат откажани. Ќе се вршат само итните хируршки операции. Истото важи и за прегледите.

Продолжување на терапијата на хроничните пациенти за коишто до сега требаше да одат на лекар специјалист, од следните денови тие ќе може да направат и на матичен лекар. За тоа Фондот за здравствено осигурување ќе направи измени на правилникот. Ова не важи за ново дијагностицирани пациенти, коишто и во овој период ќе мора да одат на лекар специјалист.

Филипче информира дека е разговарано и со поглаварите на верските заедници за строго придржување на овие мерки на владата.

Како што потенцира министерот, ваквите мерки се носат по разговори со колеги од Италија, коишто укажале дека во одредени делови на земјата, пред се во северните, дури по воведување на најстроги мерки немало нови заболени, па затоа ги вовеле ригорозните мерки во целата земја.

Филипче додаде дека тоа италијанско искуство укажало дека треба да бидеме радикални во мерките што ги преземаме.

Извор: Лидер