СветСветот на работникот

Загрозени се 140,000 работни места

   Време за читање 1 минута

Германската автомобилска индустрија е во длабока криза, но тоа не е единствената причина поради која во наредната деценија ќе мора да укине 140,000 работни места, оценил Прогнос институтот.

Ова се надоврзува на 46-те илјади работни места кои една од важните гранки на домашната економија ги укинала помеѓу 2019 и 2023 година.

Авторите на анализата Прогноса која ја нарачало Здружението на германската автомобилска индустрија (ВДА) наведува дека бројките укажуваат на размери на несигурност која моментално вработува околу 911,000 луѓе, пренесува дпа.

Со други зборови, ако во наредната деценија изостане значаен пресврт на инвестициската политика, ќе се затвори секое петто од постоечките работни места. Ова не е само израз на економската криза.

„Падот на вработеноста ја диктира и автомобилската индустрија“, рекла претседателката на ВДА, Хилдегард Милер.

„Политичката рамка одредува дали идните вложувања ќе бидат во Германија, односно дали ќе се отворат работни места во земјата или на друго место“, рекла Милер.

„Значи, политичката рамка може или да го засили или придуши ефектот на вработување“, додала.

Милер повторила дека компаниите бараат понкнурентна цена на енергија, помала бирокатија, побрзо издавање на дозволи и повеќе спогодби за слободна трговија.

Јасно е дека преоѓањето на производство на е-автомобили создава вишок работници, бидејќи електромоторите се поедноставни од бензинците, рекол главниот економист на ВДА, Мануел Калвејт.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock/Nattawit Khomsanit