ЗАКАНУВАЧКО ПИСМО ПО ЖИВОТОТ на синдикалната претставничка во ФОД „Новаци“ при КСС
Заканувачко писмо на домашна адреса добила синдикалната претставничка на синдикалната организација на ФОД – ССЕРИ при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС. Заканувачкото писмо ѝ присстиганло преку пошта, потврди Претседателот на Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ, Васко Перчаковски во изјава за порталот Работник.

Според него, заканата се однесува на тоа синдикалната претставничка да се откаже од синдикалната работа или во спротивно „ќе проплука крв и фамилијата ќе ѝ биде испратена до седмо колено“, рече тој, парафазирајќи го писмото, кое нема да можеме целосно да го споделиме во интерес на полициската истрага, којашто е во тек. Инаку, редакцијата на Порталот Работник го има наведеното писмо.
Перчаковски истакна дека случајот е пријавен во полиција и се надева на брза и ефикасна реакција од надлежните институции со цел изнесување на заканувачот – сторителот на оваа закана пред лицето на правдата.
Синдикалната работа и синдикалното организирање во Македонија во овој момент е опасност по животот и е животозагрозувачки, особено за синдикалните претставници на Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика, Рударство и Индустрија на Македонија – ССЕРИ при КСС, вели Перчаковски.
Перчаковски не сакаше да шпекулира кој го испратил ова заканувачко писмо, сепак од синдикатот велат дека имаат претпоставка кој би можел да биде, но оставаат на полицијата да го пронајде сторителот.

