ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Занаетчиската Комора Скопје достави предлог мерки до Владата

Занаетчиската Комора Скопје - Работник
68views
Почитувани членки
Занаетчиска комора Скопје достави предлог мерки до Владата на РСМ и надлежните министерства по претходна анализа и доставени предлози од страна на занаетчиите. Барањата се следните:
1.Финансиската подршка во износ на минимална бруто плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор во периодот на времетраење на кризата од пандемијата со COVID-19,
Бараме намалување на условите кои треба да ги исполнат занаетчиите особено бришење на условот содржан во Закон за финансиска подршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза за месеците октомври, ноември и декември 2020 (Сл. Весник на РСМ бр.267/20)содржана во чл. 4 од Законот и тоа дека финансиска помош не може да оствари физичко лице вршител на самостојна дејност која се оданочува по вистински доход и кое во 2019 година на годишно ниво има остварено нето доход пред оданочување во износ поголем од 478.800 денари, односно физчко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и кое во 2019 година има утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари. Сметаме дека финансиската помош треба да биде неповратна и за физичките лица кои вршат самостојна дејност кои се оданочени според вистински доход и за физичките лица кои вршат самостојно дејност и се оданочени според утврден годишен паушален нето доход. Исто така сметаме дека условите кои треба да ги исполнат за да можат да ја користат финансиската помош да бидат пофлексибилни и секој занаетчиски бизнис да има можност да ги користи мерките.
2.Занаетчиите регистрирани согласно Закон за занаетчиство(Сл. Весник бр.215/15) да бидат подобни апликанти за кредитните линии кои ќе се објават преку Развојна Банка на Република Северна Македонија и во наредните повици. Со оваа мерка ќе им се на помогне овие бизниси да останат ликвидни и да ги задржат вработените, да ги исплатат финансиските трошоци кои настанале во периодот на криза од пандемијата од COVID-19.
3. Бараме намалување на парафискалните давачки со кои се соочува секој бизнис да биде една од мерките содржани во петиот пакет мерки за справување со кризата од COVID-19.
4. Предлагаме да се утврдат конкретни мерки за сузбивање на сивата економија која што во услови на пандемија со COVID-19 се зголемува со зголемување на процентот на невработеност во земјата.
5. Предлагаме намалување на износот на задолжувањата со Решенија за утврдување на аконтација на данок на личен доход во занаетчискиот сектор за 50% во споредба со минатата година.
6. Предлагаме занаетчиските бизниси кои имаат вработени да бидат ослободени од исплата на регрес за годишен одмор поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, и поради тоа што исплатата на регрес за годишен одмор за вработените претставува дополнителен финансиски товар за работодавачот.
7. Исто така во рамки на оваа иницијатива за петиот сет мерки истакнуваме незадоволство од законското решение за намалување на процентот на ДДВ од 18% на 5% во занаетчискиот сектор, затоа што опфати дејности кои не се ддв обврзници. За предлогот законско решение сметаме дека многу мал број на занаетчиски услуги се предвидени за намалување на даночната стапка, и тоа занаетчиски дејности кои не се воопшто ДДВ обврзници и тоа:поправка на велосипеди, чевли и производи од кожа, облека и постелнина за домаќинството (вклучувајќи крпење и прекројување), и тоа само за занаетчии регистрирани како физички лица во регистарот на занаетчии.Доколку не се најде решение за намалување на даночната стапка и кај другите занаетчиски услуги тогаш ефектот од оваа законска измена ќе предизвика само незадоволство од страна на занаетчиите.
 

Почитувани членки
Занаетчиска комора Скопје достави предлог мерки до Владата на РСМ и надлежните министерства по…

Posted by Занаетчиска комора Скопје on Thursday, January 14, 2021

Advertisement