НовостиПравдаСветот на работникот

Трегедија во Скопје: Повреден работник

   Време за читање помалку од минута

Инцидент во кој едно лице е тешко повредено се случил вчера околу 19 часот во скопско Сопиште.

Од МВР информираат дека додека П.А.(30) од с.Ракотинци управувал работна машина-багер, со скопски регистарски ознаки, машината се излизгала од коловозот и го повредила Т.А. од с.Сопиште.

-Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, истакнуваат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.