ПравдаСветот на работникот

Затворена уште една конфекција во Штип, вкупно седум конфекции затворени досега

Затворена уште една конфекција - Работник
77views

Денеска се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав кадешто присутни беа претставници од СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ДСЗИ, АРМ, директор на Клиничка болница, претставник од конфекционерите, претставник од „Гласен текстилец“, а дополнително на овој состанок присуствуваше заменик претседателот на Владата и координаторот на општинските штабови, Бујар Османи.

Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните одлуки:

–    Денеска дополнително е затворена уште една конфекција кадешто се потврдило дека има заболен од Ковид 19 и сите вработени ќе бидат тестирани

–   Вработените во овие 6 конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните.