ЕкономијаМакедонијаНовости

За осум месеци изгубени близу 16.000 работни места, само во октомври над илјада

За осум месеци изгубени близу - Работник
135views

Во однос на септември, во октомври бројот на изгубените работни места е зголемен за 1.039. Овој број е релативно мал ако се спореди со претходните месеци, но треба да се има предвид дека од овој месец почна исплатата на помошта за плати за чие добивање еден од условите е да не се намалува бројот на вработените, а исто така се дозволува на работа да се вратат претходно отпуштените работници, пишува Вечер.прес. 

Во октомври за прв пат од почетокот на годинава Агенцијата за вработување регистрира раст на бројот и на пасивните баратели на работа. Во октомври како „други лица кои бараат работа“ се пријавени 85.932 граѓани, што е за околу 3,5 илјади повеќе отколку во септември. Причина за зголемување на бројот на оваа категорија евидентирани невработени е помошта од 6.000 денари за купување домашни производи и услуги што им следува со четвртиот пакет владини антикризни мерки. Претходно, во периодот од јануари до септември бројот на овие лица кои не се редовни на пазарот на труд падна за повеќе од 4.000, но во тој период тие не добиваа никакви бенефиции ниту од државата ниту преку Агенцијата за вработување.

Меѓу 153.799 невработени активни баратели на работа евидентирани до крајот на октомври има и 993 магистри и 30 доктори на науки. Октомврискиот прилив на невработени по разни основи за малку надминува 8.000, од кои за прв пат како невработени се пријавиле околу 1.400, а од евиденцијата на пасивни баратели во активни преминале 603 лица. Во октомври се регистрирани и 3.792 вработувања.

Advertisement