За правата на жените да се зборува 365 дена во годината, порача на конференцијата Секцијата на жени при КСС
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денеска организираше Конференција на тема „Зајакнување на родовата еднаквост и справување со вознемирувањето на работно место“, во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8-ми март.
По повод Конференцијата, изјави дадоа Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и Претседателката на Секцијата на жени при КСС, Елена Ангеловска.
Еве што истакнаа:
[ai_playlist id=”288572″]На конференцијата за вознемирување на работно место и родова еднаквост презентации одржаа Санела Доневска Андоновска и Даниела Јаневска од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија
Свое учество зедоа и Валентина Дисоска, Претседателката на Здружението на бизнис жени и Националната платформа за женско претприемништвото, Лазар Јовевски, професор по трудово право, Габриела Костовска Богоеска, Директор на Фондација за менаџмент и индустриски истражувања МИР и Македонка Барберу, Едукатор и тренер за комуникациски вештини.
- Синдикатот за образование на БиХ со писмо со сочуство за трагедијата во Кочани до СОНК - 18/03/2025
- „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија - 18/03/2025
- Невидена измама! Менаџер за човечки ресурси измислувал работници – успеал да проневери повеќе од 2 милиони евра: Еве како е откриен - 18/03/2025