ЗОШТО ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИЗБЕГНУВААТ ПАУЗИТЕ НА РАБОТА, ИАКО СЕ ПРЕМОРЕНИ?
Едно актуелно истражување открило дека работниците кои се преоптоварени со рабатата, продолжуваат да работа и покрај заморот и желбата да направат пауза.
Логиката ни вели дека треба да застанеме кога ќе ни се собере многу работа, бидејќи природно имаме потреба да одмориме, но, новата студија го покажува спротивното.
Заклучокот е дека оптовареноста со работа може да ги обесхрабри вработените да земаат паузи, иако се соочуваат со последиците на заморот и стресот.
Научниците од Универзитетот Waterloo откриле дека една од потенцијалните причини за тоа е притисокот којшто вработените го чувствувале, за да ја завршат целата работа на време.
„Нашето истражување дава сеопфатен приказ на процесот на вклучените во одлуката за пауза и дава увид во тоа како вработените и менаџерите можат поефикасно да ја искористат паузата на работа, со што потенцијално би го подобриле квалитетот на својата работа“, вели Џејмс Бек, професор по индустриска и организациска психилогија на истоимениот универзитет.
Научниците за потребите на студијата интервјуирале 107 вработени за причините зошто зеле или не зеле пауа во текот на работното време.
Потоа, интервјуиле уште 287 вработени двапати дневно, во текот на пет дена. Прашањата биле во насока на нивниот квалитет на сон, заморот, проблемите со ефикасноста, оптоварувањето на работа и бројот на паузи кои дневно ги земаат.
„Свесни сме дека вработените, можеби, нема секогаш да бидат во можност да земат пауза, но ако работодавачите можат да влијаат на подобрување на работните услови преку отстранување на сите работи кои истите ги прават непријатни, можеби ќе можат да го намалат бројот на потребни паузи“, посочил Винсент Фан, водечки автор на оваа студија.
Експертите се надеваат дека нивните откритија ќе придонесат за поголема благосостојба кај вработените и дека идните истражувања ќе ги опфатат пошироките структурални и контекстуални фактори кои влијаат на земањето на пауза на работа.
Инаку, студијата е објавена во научното списание Journal of Business and Psychology.
(Telegraf Biznis)
Фото: Shutterstock

