- Advertisement -
Новости

Ивермектинот од понеделник во аптеките, интервентен увоз бараат и болниците

241views

Веледрогерии и болници на последниот ден од 2020 добиле одобренија од МАЛМЕД за интервентен увоз на ивермектин. Лекот кој влева надеж кај болните од Ковид веќе од наредната недела треба да биде достапен и во земјата.

-Сите кои доставија барање до нас добија одобренија. И во следниот период ако побара и друг ќе им дозволиме увоз. Најважно е лекот да стигне, потврди за Сител директорот на агенцијата Љирим Шабани.

Надлежните стравуваа дека поради ниската цена на иверметкин нема да има заинтересирани економски оператори. Засега не се знае колкави количини првично ќе бидат набавени.

Во понеделник и ГОБ 8ми септември ќе достави барање до МАЛМЕД за интервентен увоз на лекот. Во болницата двајца хоспитализирани со КОВИД 19 веќе пиеле ивермектин, но семејствата приватно го купиле од странство и побарале од лекарите да го дадат на нивните блиски. Според нашите информации, пациентите кои го земале лекот биле со потешка клиничка слика. Каков е ефектот од терапијата не добивме официјален одговор од болницата.

Пред МАЛМЕД да ги издаде одобренијата, претходно, зелено светло за лекот даде и Комисијата за зарзни болести откако доби гаранција од лекарите дека е безбеден и дава надеж во битката со вирусот.

Ивермектин влезе и во протоколите на Пулмологија што ќе важат и за ковид центрите во интерните клиники. Овој стар и евтин лек според стручните лица ќе значи скратување на времетраењето на болеста, намалување на симптомите и спречување на смртноста.

Епидемиолози и микробиолози укажаа дека може да направи пресврет во пандемијата.

Изминатиот месец, македонски граѓани но и медицински лица го набавуваа од соседна Грција и Бугарија каде една кутија чини од 10 до 12 евра.