- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Излекувани уште тројца здравствени работници во Албанија

Излекувани уште - Работник
347views

Во Албанија попладнево почина уште еден пациент заразен од Ковид-19,со што вкупната бројка се зголеми на 22 лица.

Починатиот е 90-годишно лице, кое во Инфективната клиника во Тирана било хоспитализирано пред пет дена, а боледувало и од други болести.

„Попладнево имаме и една добра вест. Излекувани се уште тројца здравствени работници, со што бројката на излекуваните доктори и медицинси сестри се зголеми на 21. До сега излекувани се вкупно 116 граѓани и медицински лица“,  напиша на фејсбук Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјална заштита.

Од министертвото денеска напладне информираа дека се дијагностицирани нови 16 случаи со што вкупниот број се зголеми на 377 лица, најголем број од нив се во Тирана или 177 лица. Хоспитализирани се 73 пациенти од кои 11 се на интензивна терапија. Според експерите од оваа област оваа недела се очекува коронавирусот да го достигне врвот.