ЕкономијаСвет

Инвеститорите и’ вртат грб на Германија

Странските компании во 2025 година, осма последователна година најавиле помалку проекти во Германија од претходната година, што ја нагласува загриженоста за конкурентноста на земјата како деловно седиште.

Според извештајот на ревизорската куќа EY, странските инвеститори најавиле 548 проекти, 10 % помалку отколку во 2024 година, и најмалку од 2009.

EY овие податоци ги следи од 2006 година, а во проекти ги пресметува и инвестициите кои отовраат нови локации и работни места. Вредноста на инвестициите не е наведена, пишува dpa.

Германија по бројот на инвестициски проекти во Европа во 2025 била трета, зад Франција и Велика Британија, со 852, односно 730 проекти.

Меѓутоа, падот на бројот на проекти во двете држави бил поостар отколку во Германија.

Странските компании во цела Европа во 2025 најавиле 5,026 нови или проширување на постоечките проекти, седум проценти помалку отколку во претходната година.

Меѓу инвеститорите се американски и кинески, но и европски кои вложуваат во други европски држави.

Шефот на EY за Германија Хенрик Алерс укажал дека таа заостанува зад европските конкурентски локации во реформите како дигитализацијата на управата и поедноставување на даночниот систем.

Притоа, навел Алерс, даноците во Германија се големи, работната сила и енергија се скапи, а бирократијата изискувачка. Сето тоа ги одвраќа инвеститорите.

Конечно, репутацијата на Германија како држава неспособна да се реформира се раширила низ светот, а тоа го еродира долгогодишниот имиџ на силни, квалитетни локации за вложување, рекол тој, предупредувајќи дека итните реформи се нужни.

Извор: b92.net