Вести

Интервјуата за работа никогаш не биле подолги: Како од нив да излезете како победник?

Економската неизвесност не резултирала само со откази и „замрзнување“ на вработувањата, туку и интервјуата станале подолги.

Вработувањето и тренингот се скапи процеси и компаниите сакаат да бидат сигурни дека го ангажираат вистинскиот кандидат, рекол Ричард Ламберт, експерт за вработување.

До неодамна биле очекувани три до пет кругови за не-менаџерски позиции, но сега новата норма е значајно поизискувачка.

Имав клиенти кои имале пеколни искуства со интервјуата, рекол Ламберт.

Еве неколку совети како да ги преживеете екстремно долгите интервјуа.

Кога ќе се сретнете со долготраен процес за вработување, искористете го времето да ја процените пружената шанса, во однос на вашите лични и професионалните цели, вели тренерот за кариера и додава дека тој процес ќе ви помогне да одлучите дали вреди да ја трошите вашата енергија на процесот.

Видете каква репутација има организизација, култура и раст. Тоа ќе ви помогне да утврдите дали компанијата се вклопува во вашите вредности, вели Стивен Литч.

Би требало да обрнете внимание и на можностите за напредок на бараната позиција.

Ајоми Самарвира, поранешен консултантски менаџер и сегашен Тикток активност на полето на вработување, поминала низ девет кругови на интервјуа за работа.

Таа, за CNBC, рекла дека важно е да знаете што ви се нуди.

Не сакате да се најдете себеси на позиција за која сте поминале седум кругови на интервјуа, потоа ви понудиле вработување и понудата не се поклопува со вашите очекувања и разликата е голема за да се оствари соработката.

Исто така, додека поминувате низ долгиот процес на интервјуата, важно е да истражувате нови можности.

Немојте сите свои јајца да ги ставате во една кошница. Разгледајте други огласи за работа и продолжете со вмрежувањето за да ги оставите вашите опции отворени, заклучува Литч.

Доколку вашето интервју изискува неколку кругови со различни лица, важно е да давате слични одговори.

Еве како можете ефикасно да ѝ пристапите на секоја рунда, вели Литч:

Погледенете ги претходните интеракции, прилагодите ги одговорите на публиката, демнострирајте раст и нови увиди, користите техники за проповедање.

На крајот, верувајте ѝ на својата интуиција.

Доколку увидите дека компанијата навистина ве сака и нивните вредности се поклопуваат со вашите, можеби се исплаќа да поминете низ подолг процес на вработување, вели тој.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk