(ИНФОГРАФИК) „Бербер, овчар и молер по 90.000 денари“: Колку се заработува од занает во Македонија?
„Бербер, овчар и молер заработуваат по 90.000 денари, а други занаети над 60.000 денари“. Во инфографик објавен на инстаграм профилот „Боемот“ се забележува дека убаво може да се заработи од занает во Македонија.
Занаетите се меѓу најплатените професии
Со големата емиграција и развојот на компјутерската технологија се заборави физичката работа. Поради дефицитот на кадри и големата побарувачка, одредени занаети се меѓу најплатените професии.
Младите размислуваат да работат професии во ИТ-секторот или во правото, а на занаети воопшто непомислуваат. А оние што го испекле занаетот во Македонија многу често заминуваат на печалба во странство. Но, оние кои навистина се добри занаетчии во Македонија заработуваат доста добро.
Познатиот инстаграм профил „Никола Николовски – Боемот“ вчера направи анкета каде занаетчии му пишуваа колку пари заработуваат, а тој истото го сублимираше во објава.
Во продолжение ја пренсуваме објавата на Боемот:
Па, така решивме да ве прашаме вам колку се заработува од занает, а ова се дел од одговорите кои ни ги пишавте:
Плочкар – плата 90.000 денари
Овчар – плата 90.000 денари
Молер – плата 90.000 денари
Бербер – плата 75.000 денари
Правење нокти – плата 60.000 денари
Местење прозори – плата 60.000 денари
Механичар – плата 60.000 денари
Бравар – плата 60.000 денари
Чевлар – плата 60.000 денари
Електричар – плата 60.000 денари
Пица (бурек) мајстор – плата 60.000 денари
Заварувач – плата 45.000 денари
Столарија – плата 40.000-60.000 денари
Местење клими 40.000-60.000 денари
Гипсар – плата 40.000-60.000 денари






Напомена: Овие суми варираат дали си нов или пак искусен мајстор, дали си осигуран или не си, дали имаш своја фирма, работиш за друг или пак работиш на црно. Во секој случај заработките се високи и далеку над просечната плата. Секако, овие професии многу се платени во странство, но и овде не е за потценување. Откако многу голем дел од стручните работници отидоа во странство оние кои останаа овде ги качија цените.
Со иселувањето во Македонија се создаде простор на недостиг на занаетчии, па затоа бидете паметни и одлучете се на долг рок да одберете ваква функција. Повторуваме дека „Од работа нема срамота“, а во иднина со вештачката интелигенција, со многуте неизвесности на пазарот кои следат едно е сигурно – занаетот секогаш ќе биде некому потребен. Затоа дури и да имате друга работа, ова секогаш може да го имате како „втора“ опција.
Во продлжение може да ја погледнете и самата објава:
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025