СветСиндикат

Италијанските новинари во штрајк поради колективниот договор кој е истечен пред десет години

Новинарите во Италија стапија во штрајк по третпат во неколку месеци, барајќи обновување на колективниот договор за работа кој е истечен пред повеќе од 10 години, наведуваат редакцијата на весникот „Il Fatto Quotidiano“ и Синдикатот на италијанските весници (FNSI).

Во соопштението на уредништвото се наведува дека одлуката за штрајк е донесена како одговор на, како што велат, долгогодишниот застој во преговорите со издавачите и сè потешките услови за работа во медиумската индустрија.

FNSI соопшти дека колективниот договор со здружението на издавачи FIEG е истечен пред една деценија, период во кој платите, според нивните наводи, реално се намалени поради инфлацијата, додека работните услови се влошени.

Извор: Tanjug.rs