ЕкономијаМакедонијаНовости

И ВО ФЕВРУАРИ ПРОДУКТИТЕ ПОСКАПУВАЛЕ – инфлацијата достигнала три проценти на годишно ниво

   Време за читање 1 минута

Инфлацијата во текот на месец февруари достигнала три отсто во споредба со цените на производите истиот месец во 2023 година. 

Како што објави Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи зголемување од 3,0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,7 отсто.- Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 0,4 отсто.

Зголемувањето на инфлацијата во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 1,6 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,8 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 0,5 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, здравје за 0,4 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,2 отсто – се наведува во извештајот на ДЗС.

Притоа статистичарите посочуваат дека во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во кај облеката и обувките за 0,3 отсто, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,1 процент.

Трошоците на животот во групите: комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *