И крвната група дефинира како ја извршуваме нашата работа?

Подготивл: Бобан Илијевски

Дали некогаш на ум ви паднало дека вашата крвна група може да дефинира како ја извршувате вашата работа? Одговорот кај најголем дел од вас би бил никогаш.

Сепак, во источните земји одамна е познато дека врз основа на анализа на крвната група може да се направи веродостоен психолошки профил на една личност. Јапонците, на пример, во секојдневниот живот ја применуваат методата на анализа на крвта наречена „кетсуекигта“.

Поголемиот дел од луѓето оваа метода ја користат при избирањето на пријатели, бизнис партнери и животни сопатници. Излегло дека важна е и за –

Бизнис организациите

Истражувачите ја користат за предвидување на навиките на купувачите, но и директорите на компаниите кога вработуваат нови работници. За да направат идеална организација на работата, Јапонците ги користат сознанијата за тоа на кои работни места одредена крвна група би била најефикасна.

Така, за планирање, контрола и селекција секогаш се избира крвната група Б. За организација, заведување и спроведување на редот доверба ѝ се дава на крвната група А, додека за ефикасна реализација е задолжена нулта групата.

Во Јапонија крвната група 0 одамна се поврзува со одреден вид на личност и на разговор за работа, Јапонците кандидатите за работа често ги прашуваат која е нивната крвна група.

Луѓето кои имаат крвна група нулта, се сметаат за одговорни, предадени, организирани, фокусирани, свесни и практични лица.

Се верува и дека се попаметни и подобри логичари од останатите. Тоа е поради што нивните предци биле ловци кои најдобро и најпрецизно знаеле да ја согледаат околината за да преживеат.

Сепак, луѓето кои имаат нулта крвна група се специфични и посебни најмногу поради тоа што можат да им дадат крв на сите останати групи (во еритроцитите на крвната група нулта нема никаков фактор кој би предизвикал штета на туѓата крв), а можат да примат крв само од луѓето со истата крвна група.

Што друго ги прави поинакви?

Погоре наведеното не е се што ги прави различни од другите – тие се склони кон некои болести, а од некои се позаштитени, имаат и некои многу моќни особини преку кои се истакнуваат во популацијата.

Способноста за водење, про-активност, голема количина на енергија и способноста секогаш да останат фокусирани се некои од нивните најдобри квалитети. Тие умеат да бидат и многу моќни и продуктивни.

Имаат силна волја и многу развиена интуиција, важат за социјализирани лица и често се во центарот на вниманието.

Лицата со нулта крвна група се многу отпорни на стрес, но кога тој ќе ги совлада многу тешко се опуштаат, навел д-р Гингер Наш, лекар – натуропат, во магазинот „Пресонализиран живот“.

Според една студија на Универзитетот Харвард, лицата со нулта крвна група имаат најмал ризик да се заболат од хронични болести.

Од средината на 20 век, на Запад се спроведувале истражувања кои ја поврзуваат крвната група со личното здравје.

Постои и мислењето дека одредена крвна група може да биде склона кон одредени болести или може да биде отпорна на нив, а се повеќе популарно станува и тоа која храна е соодветна за одредена крвна група.

Еве што открила науката и кетсуеки-гата за секоја крвна група.

Крвна група А

Ако имате крвна група А, поседувате фантастични особини. Сериозни сте, креативни, паметни, резервирани, трпеливи и одговорни. Силни и стабилни личности.

Луѓето ве доживуваат како интензивна личност, а тоа може да биде поврзано со фактот дека лицата со крвна група А имаат поголемо ниво на кортизол, стрес хормони кои течат низ нивните вени.

Крвна група Б

Доколку имате крвна група Б, вие сте страстни, активни, креативни и силни. Практични сте и повеќе сакате да ги остварите нештата отколку само да ги сонувате. Понекогаш сте помалку импулсивни и неодговорни и тешко им простувате на луѓето. Се прилагодувате и сте флексибилни, а имате и авантуристички дух.

Кај лицата со крвна група Б, најважен е балансот.

Крвна група АБ

Според јапонската метода, луѓето со оваа крвна група се смирени, рационални и прилагодливи. Можат да бидат и критични и неодлучни. Некои луѓе можат да помислат дека имаат двојна личност. Понекогаш им е потребно малку време за да сфатат некои работи.

Една студија која била објавена во магазинот „Neurology“, покажала дека луѓето со крвна група АБ имаат 82 % ризик од когнитивно опаѓање и дека се изложени на најголем ризик од губење на паметењето во подоцнежните години.

Според студијата на Харвард, лицата со крвна група АБ имаат 23 % помал ризик да се заболат од срцеви болести, отколку луѓето со нулта крвна група.

Фото: Pixabay