- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Кадиевска-Војновиќ: Инфлацијата е во сферата на психолошки страв

Кадиевска - Војновиќ - Работник
700views

Дали овој тренд на зголемување на цените може да предизвика економски и психолошки шокови, а притоа велиме дека сето тоа е под контрола и имаме инструменти да се стави инфлацијата под контрола, во денешниот Утрински брифинг ја прашавме Маја Кадиевска-Војновиќ, предавач на Универзитетот Американ колеџ и поранешна вицегувернерка.

-Инфлацијата во првите девет месеци до септември е 2,7% во просек. Инфлацијата е очекувана. Уште откога почна корона кризата сметав дека ќе дојде до вакви инфлаторни движења. Кризата со ковид беше шок на побарувачка и шок на понуда. Се изместија синџирите за снабдување и се закочи транспортот, се покачи цената на горивото, со што се покачи цената и на другите производи. Кај нас кај побарувачката нема некои промени. Се очекува дека ќе биде поголема инфлацијата од проектираната но не драстично. И претходно сме имале таква ситуација. Истражувањата покажаа дека фактор се храната и горивата. Би требало да бидеме внимателни и во инфлациските разгорувања. Владата треба да најде некаков начин да интервенира но да не ги наруши пазарните односи, вели за Утрински брифинг д-р Маја Кадиевска-Војновиќ.