Светот на работникот

Казни за текстилните работнички кои нема да работат во сабота

   Време за читање 1 минута

Во фејсбук статус претседателката на здружението Гласен Текстилец, Кристина Ампева, обвинува за неправилности во работењето на турската конфекција во Штип. Подолу можете да го прочитате нејзиниот статус:

Во држава каде боки тредичи, кичеец и ката се главни фаци, во турската конфекција во Штип моментално хаоси се случуваат. Кој ми го дал листот, инспекции шетаат, ќе гледале камери, направиле прераспоредување на работно време. Не смеел никој да фали, оти казната била 2000 денари за недоаѓање во сабота.
Работнички и работници, имате право да си побарате денови од годишен одмор, не смее никој да ве казни, ова не е село без кучиња.
Сите кои имаат деца до 3 годишна возраст или самохрани родители на деца до 6 години, бремени жени се исто ослободени од одење на работа во сабота иако направиле прераспоредување.

Да се јас прашувам, денеска ќе беа депортирани во Турција и газдите и тие потрчковците што извршуват вакви наредби.
Читајте само, пренесувајте, 1 и пол година слушам за нечовечкиот однос кон жените таму!
Ако не ви се дозволат денови, ќе дознаам. И ќе има последици.