Какви бенефиции им следуваат на вработените во најпосакуваниот работодавач во Македонија?
Според анкетите таа е една од најпосакуваните работодавачи во Македонија. Станува збор за „Алкалоид“ АД – Скопје, компанија која брои 2.155 вработени во земјата и 688 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.
Редакцијата на порталот Работник побара одговор од компанијата за тоа какви бенефиции им нудат на вработените. Нивниот одговор ви го пренесуваме во целост:
„Алкалоид“ е компанија која негува стимулирачка работна средина, во која работат и придонесуваат кон успесите вистински професионалци. Поради тоа на своите вработени секогаш се трудиме да им обезбедиме постојано подобрување на работното опкружување за да се чуствуваат ценето и вреднувано.
Во прилог ги споделуваме бенефициите кои им следуваат на нашите вработени:
- Обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување со вклучени дополнителни превентивни здравствени прегледи и посебни поволни услови за членовите на семејствата на вработените
- Организиран превоз за дел од вработените на нај фрекфентната локација на нашата компанија
- Бенефиции за деца на вработените – субвенциониран износ за вон школски активности на децата
- Новогодишен линеарен надоместок за секој вработен
- Исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум на ниво над последно објавената просечно исплатена плата во тромесечие
- Награди за вработените за лојалност и награди согласно правилникот за наградување
- Дополнителни надоместоци согласно вклученост во успешно завршени интерни проекти
- Годишен пораст на плата за сите вработени согласно економски показатели и инфлација
- Годишен наменски буџет за едукации и стручни доусовршувања на вработените
- Редовни тим билдинзи на сите организациски единици
- Можности за кариерен развој на вертикално и хоризонтално ниво преку различни програми на ниво на компанија
- Тренинг центар со тренинг лабораторија, наменети за едукација на вработени, како и студенти и ученици од програмата за млади таленти на Алкалоид АД Скопје
- Обезбедени најсовремени мерки и континуирано инвестирање во заштитата и безбедноста на здравјето на вработените
- Обезбеден избор на храна за вработените во објектите каде имаме организирана исхрана, а за вработените што не користат организирана исхрана доделен соодветен паричен надоместок за хранарина
- Редовно мерење на задоволството на вработените и имплементација на побараните предлог мерки од истото
- За членовите на синдикалната организација при Алкалоид АД Скопје овозможено плаќање на рати во десетици компании и повластени ценовни политики
- Подароци за секое новороденче на вработен од компанијата
- Новогодишни пакетчиња за децата на вработени;
- Спортски активности – бесплатно користење на спортски сали во одредени термини
- Кафетерија во рамки на компанијата
- Обезбеден паркинг за велосипеди и мопеди
- Во услови на корона обезбедени тестирања од страна на компанијата и нај високо ниво на заштита во работните простории
- „Еј мајко му стара, абе овој што ми рече пред петнаест години да го ценам работникот во право бил…“ - 06/06/2025
- ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ НЕКОГАШ ПАРАДОКОСТ? Експертите велат дека потребни се законски интервенции и соодветна евиденција во Агенцијата за вработување - 02/06/2025
- (ВТОР ДЕЛ) ИНТЕРВЈУ – „Брзата и ефикасна правна рамка и инвестирањето се клучни во поттикнувањето на растот на платите во приватниот сектор“ - 29/05/2025