
Чистење апарат за филтер кафе - Работник
186views
Можете да користите таблети за прочистување или едноставно решение со алкохолен оцет.
Процедура за прочистување на апарат за филтер кафе со користење на оцет:
- Исклучете го апаратот за филтер кафе.
- Испразнете го садот кој се полни со вода.
- Тргнете го филтерот доколку го имате оставено.
- Измијте го садот во кој се става вода.
- Наполнете го садот до максимум со оцет и вода, (1:2)
- Вклучете го апаратот.
- Оставете да заврши целиот циклус на загревање.
- Откако се олади течноста, исфлете ја од садот за кафе.
- Измијте ги садот за вода и садот за кафе
- Доколку апаратот сеуште споро работи, повторете ја процедурата уште еднаш или пак консултирајте се со соодветниот сервис.
Апаратот за правење на филтер кафе е подготвен за работа, уживајте во новиот вкус на вашето омилено кафе!
Advertisement
Advertisement