Чистачките веќе не наплаќаат само по час, воведоа нов тренд и заработуваат многу повеќе!
На пазарот за услуги за чистење е забележана значителна промена, не само во однос на драстичниот скок на цените, туку и во начинот на кој се пресметува сработеното.
Имено, додека многумина кои се занимаваат со оваа дејност бараат и до 40 евра по час, најновиот апсолутен тренд е наплаќање по квадратен метар. Ова е повеќе од очигледно во бројните огласи каде традиционалната сатница целосно се заменува со математика по „квадрат“.
Колку чини чистењето според новата математика?
Конкретните цени во огласите покажуваат дека оваа промена на менаџментот со цените и тоа како им се исплати на чистачите. Еве неколку примери:
- Генерално чистење на помали објекти (до 40 м²): Се наплаќа околу 5 евра по квадратен метар, што во пракса значи дека една услуга може да ве чини и до 200 евра.
- Редовно одржување на помали простори (до 50 м²): Во просек се проценува на фиксни 90 евра по доаѓање.
Како се движат цените за поголеми квадратури?
Според еден популарен оглас на социјалната мрежа Facebook, цената по квадрат паѓа како што се зголемува просторот:
- За станови од 41 до 90 м², генералното чистење чини 4,50 евра/м².
- За големи станови од 100 м² и повеќе, цената паѓа на околу 4 евра/м².
Кога станува збор за редовно одржување, за простор од 50 до 80 квадрати цената изнесува околу 110 евра, за станови од 111 до 120 квадрати расте на 140 евра, додека за објекти над 120 м² одржувањето се наплаќа околу 1,30 евра по квадратен метар.
Анализа на пазарот: Колку чини секоја услуга поединечно?
Иако цените на пазарот варираат, хрватскиот портал Dnevno.hr направи детална анализа врз основа на голем број прегледани огласи, со цел да се утврди грубата рамка за секоја специфична услуга:
| Вид на услуга за чистење | Просечна цена (по м² или час) |
| Редовно чистење станови и куќи | од 5,00 до 10,00 евра / м² |
| Генерално детално чистење | од 2,00 do 3,80 евра / м² |
| Чистење по градежни работи / реновирање | од 3,50 до 20,00 евра / м² |
| Класично чистење станови | од 1,30 до 2,00 евра / м² |
| Традиционално плаќање по час | просечно околу 25 евра / час |
Напомена: Во одредени случаи и на специфични локации (како што е туристичкиот брег за време на сезона), цената по час сè уште доминира, но таму сумите вртоглаво растат и достигнуваат од 40 па дури и до 50 евра за само еден час работа.
Јасно е дека недостигот на работна сила го направи своето – оние кои се подготвени да чистат сега сами ги диктираат правилата на пазарот, а клиентите немаат друг избор освен да платат.
Извор: Bizportal.rs

