Останато

Кание Вест, сè уште во трка за претседател на САД, ќе се појави на гласачкото ливче во Оклахома

КАНИЕ ВЕСТ платил сума од 35.000 УСД за да се кандидира како независен кандидат и ќе се појави на гласачкото ливче во Оклахома, пренесува Гардијан.

Сепак, ситуацијата е збунувачка бидејќи многу извори тврдат дека Кание ја завршил неговата краткотрајна кампања.

Вест е еден од трите кандидати кои ја платиле партиципацијата за учество во изборите како независни кандидати. Неговите конкуренти меѓу независните се пијанистот Jade Simmons и претприемачот Brock Pierce.

Музичарот го поднесе барањето и ја плати партиципацијата еден ден откако New York магазинот го цитираше советникот на Кание – Стив Крамер кој рекол дека Вест нема да се кандидира и дека персоналот што го ангажирал е разочаран.

Тој сака Белата куќа да биде моделирана според филмот „Black Panther“

Вест веќе го пропушти крајниот рок да се кандидира на избори во неколку држави, а условите што кандидатите мора да ги исполнат за да се појават на гласачките ливчиња се разликуваат од држава до држава.

Канје Вест ја објави својата кандидатура на 4 јули, откако претходно го пофали Доналд Трамп. Сепак, во интервјуто за „Форбс“, тој рече дека „ја спушта црвената капа“ што се однесува до заштитниот знак на Трамп – црвена капа со натписот „Make America Great Again – Да ја направиме Америка Голема Повторно“

Вест изјавил дека ја замислува својата верзија на Белата куќа базирана на филмот „Black Panther“, и доколку победи, тој сака да се „врати во Ваканда“, осврнувајќи се на измислената земја од споменатиот филм.

Извор: Индекс