Ковачевски: Цените не се намалуваат зошто уште има залихи?!
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека основните прехранбени производи не поевтинуваат онака како што јавноста очекува затоа што, и покрај тоа што е средина на месец јануари, се уште кај маркетите има залихи на суровини по стара цена.
Според Ковачевски, кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, а има и намалување на цените на млекото кај одредени млекарници. Ова премиерот го посочи во своето обраќање на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија
Тој во наредниот период очекува дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производи од пекарската, млекарската и од месната индустрија кое што намалување, како што рече, очекува да биде како што беше договорено од најмалку десет проценти.
Владата од 1 декември 2022 ја субвенционира ценатат на електрична енергија за големите компании од прехранбениот сектор и ја продава за 80 евра по мегаватчас, додека цените на горивата во изминатиот период се стабилизираа кај малопродажбата.
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025