НовостиСветот на работникот

Кога правиме најмногу грешки на работа?

   Време за читање 1 минута

Продуктивноста на работниците опаѓа во текот на попладневните часови, покажува неодамна објавената студија во научното списание PLOS ONE.

За две години, истражувачите проучувале 800 вработени кои работат во канцеларија наместо дома. За разлика од другите студии кои ја испитуваат продуктивноста на работниците, ова не се потпираше на самоевалуација или повратни информации од шефовите. Наместо тоа, истражувачите следеа метрика за користење на компјутерот, како што се брзината на пишување, активноста на глувчето и грешките при пишување.

Повеќето грешки при пишување се забележани во попладневните часови. Конкретно, во петок попладне има намалување на компјутерската активност и зголемување на печатните грешки.

„Нашето откритие е во согласност со слично истражување кое покажа дека бројот на задачи што вработените ги извршуваат опаѓа во четврток и петок“, изјави за ScienceDaily.com Таехјун Ро, коавтор на студијата и доцент на одделот за епидемиологија на Универзитетот во Тексас А&М.

Авторите на студијата забележуваат дека ова истражување додава на зголемениот број докази дека работните места треба да овозможат поголема флексибилност. Повеќето работници, покажуваат анкетите, би ја поздравиле оваа промена. 61 процент од вработените изјавиле дека би сакале да работат четири дена во неделата, според истражувањето на Monster.

„Флексибилното работно време, хибридната работа или четиридневната работна недела може да помогне да се ублажат негативните ефекти од долгите работни недели и да се промовира подобра благосостојба и продуктивност на вработените“, велат авторите на студијата.

Извор: Кајгана

Фото: Pexels