Вести

Летото не се предава, но му се ближи крајот: Еве кога стигнува заладувањето

Балканот и во наредните денови ќе биде под влијание на сончево и многу топло време, со температури од 30 до 36 степени.

Познатиот метеоролог Марко Чубрило најавува значителна промена околу 11 септември. Студен фронт ќе донесе дожд, грмежи и локални невремиња, проследени со значително заладување.

По топлиот период, од следниот петок се очекува постудено и променливо време, со температури претежно од 16 до 23 степени.

Во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, а до средината на следната работна седмица се очекува задржување на топлото време. Во недела и понеделник долж Повардарието ќе дува засилен северозападен ветер, со брзина над 40 км/ч.

Чубрило напоменува дека неговите прогнози се базираат на анализа на метеоролошки модели, додека за официјални информации треба да се следат надлежните метеоролошки институции.