- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Кога ќе се донесе законското решние за откуп на стажот?

Откуп на стаж - Работник
238views

За време на парламентарните избори, но и како Влада ние кажавме дека прашањето со откуп на стажот ќе биде регулирано со закон, меѓутоа не кажавме временска рамка кога тоа треба да се заврши. Реформите кои течат, а се со поддршка на Светска банка и кои се однесуваат на пензискиот систем имаат своја временска рамка, до почетокот на 2024 година, рече Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната прес – конференција.

„Јас не можам да дадам конкретни одговори, бидејќи тоа е процес којшто бара една сериозна дебата, а информации, податоците и последиците коишто ќе треба да се дефинираат во тој закон, секако ќе зависат и од системското решние на Законот за работни односи коишто е првиот системски закон којшто треба да биде заокружен до крајот на оваа година“, рече Шахпаска

Advertisement

Истакна дека Законот за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме изборното ветување пред нашите граѓани.

Таа посочи дека прво ќе треба да се воспостави централен регистар на сите осигуреници во државата која е значајна алатка која ќе ја менаџира едно посебно тело, дали во склоп на МТСП или независно, меѓутоа тоа е првата и најважна рамка која треба да се заокружи. 

Advertisement

„Паралено на тоа, до крајот на јуни е предвидено да се донесе новиот Закон за вработување на лица со неинвалидност, па понатаму ќе се движат сите законски решенија којшто се составен дел. Ова е една сериозна реформа. Ние треба да гарантираме стабилен и безбеден пензиски систем којшто ќе овозможи навремена и редовна исплата на пензиите и пензиите кои ќе гарантираат безбедна и сигурна старост“, рече Шахпаска.

Таа напомена дека се работи и на Законот за безбедност и здравје при работа.

Бобан Илијевски

Advertisement