- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Колективниот договор предвидува 35 %, а тие земаат само 5% за работа во време на неделен одмор

Колективниот договор предвидува 35 %- Работник
1.27Kviews

Овие додатоци на плата се исто така содржани во Законот за судска служба и нецелосно се исплааќат, а тоа се додаток на плата за работа за време на неделен одмор (член 129, став 2, точка 4) и додаток на плата за време на празници утврдени со закон (член 129, став 2, точка 5) од Законот за судска служба стои во известувањето на Претседателот на Синдикатот на Правосудство при САДУ, Драган Јосевски до Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, испратено на 24.09.2020 година. 

Во образложението на известувањето стои дека согласно член 132 од Законот за судска служба (Службен Весник на РМ бр. 43/2014) од 04.03.2014 година, додатокот од 5 % е крајно понижувачки за припадниците на судската полиција кои за ваква работа добиваат по 7 денари на час, поминат на работа, ако се земе во предвид дека судот има потреба за работа и после работното време во доцните вечерни часови, а судските полицајци во Кривичниот суд во Скопје се долгогодишни, искусни и врвни професионалци. Велат дека тие нема да одбијат работа и ќе ги задоволат безбедносните ризици.

Тоа што, според нив е понижувачки е малата сума на пари која ја добиваат за осумчасовна работа за време на празник. Како што наведуваат, се работи за надоместок од 56 денари. Потенцираат дека тоа е крајно омаловажувачки.

Подвлекуваат дека членот 132 од Законот за судска служба е во судир со Гранскиот Колективен договор (Службен весник бе. 51 од 25 февруари 2020 година). Велат дека согласно Колективниот договор, судските службеници за работа за време на неделен одмор имаат право на 35 % додаток на плата. 

Имено, во трудовото право е добро познато дека секогаш се применува она што е поповолно за работниците. 

Бобан Илијевски