Колкава е просечната февруарска плата во Македонија и кои сектори доживеаја бум, а каде паднаа платите?
Просечната нето-плата во Македонија во февруари се искачи на 46.159 денари, бележејќи годишен раст од 7,2%. Но, зад оваа статистика се крие голема разлика меѓу секторите – додека административните работници и рударите уживаат во двоцифрен скок на примањата, земјоделците и уметниците во овој период се соочуваат со месечен пад на платите.Во февруари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46. 159 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 69. 371 денар објави денеска Државниот завод за статистика.
Во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.2 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.3 %, Рударство и вадење камен за 10.6 % и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.4 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 5.7 %, Други услужни дејности за 5.0 % и Уметност, забава и рекреација за 4.6 %.
- Нето-платата во февруари 2026 година изнесуваше 46 159 денари
- Во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година е повисока за 7.2 % Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2026 година изнесуваше 69 371 денар. Во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.5 %, Рударство и вадење на камен за 10.2 % и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.5 %.Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 4.8 %, Други услужни дејности, Уметност, забава и рекреација за 4.7 % и Транспорт и складирање за 3.6 %.

