МакедонијаСветот на работникот

Колку долго се исплатува паричниот надоместок за невработените лица?

Паричниот надоместок за невработено лице се исплатува во траење од еден месец, доколку лицето има најмалку 9 месеци непрекинат стаж на осигурување или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.

Во продолжение е прикажана временската рамка за исплата на паричниот надоместок според должината на стажот на осигурување:


Дополнително, невработено лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а му недостасуваат најмногу 18 месеци до исполнување на условите за старосна пензија, има право на паричен надоместок до негово вработување, односно до настанување на основ за престанок на тоа право.

Конкретно, доколку жената има над 60 години и 6 месеци, а мажот над 62 години и 6 месеци, и при тоа имаат повеќе од 15 години стаж, паричниот надоместок се исплатува сè до нивно вработување или до престанокот на правото. За овие лица, не се плаќа придонес за пензиско и инвалидско осигурување.

Извор: Кариера