СветСиндикат

Филозофскиот факултет во Белград стапува во штрајк

Филозофскиот факултет при Универзитетот во Белград стапува во штрајк, дознава Nova.rs. Според претседателката на Синдикатот на вработените на овој факултет, штрајкот бил изгласан вчера од страна на Извршниот одбор на синдикатот, а во моментов е во тек состанок на Штрајкувачкиот одбор со деканот на факултетот, на кој се дефинираат обврските околу минимумот на работа.

„Состанокот е во тек, така што засега можам да потврдам дека Извршниот одбор на Синдикатот на вработените на Филозофскиот факултет го изгласа штрајкот врз основа на изјаснувањето на наставниот кадар. Така што факултетот стапува во штрајк, а во него учествува наставниот кадар“, изјави претседателката на Штрајкувачкиот одбор, проф. д-р Нада Секулиќ.

На прашањето што конкретно значи штрајкот и кога ќе стапи во сила, професорката Секулиќ одговори дека тоа ќе биде познато дури откако ќе се дефинира минимумот на работа, којшто е обврзувачки за вработените.

„Тоа ќе можам да ви го кажам штом го дефинираме минимумот на работа. Во моментот го утврдуваме во соработка со Управата на факултетот и со студентите. Нашите студенти засега не се за премин на онлајн настава — тоа го одлучија преку пленум — но различни форми на преговори се во тек. Засега не ја допираме наставата, но ситуацијата е флексибилна, и сè уште не знаеме каков ќе биде конечниот исход. Тоа ќе стане појасно во наредните денови“, изјави таа.

Извор: Danas.rs