Колку од вработените се сиромашни? Прашање на кое нема одговор
- (ИНТЕРВЈУ) Коцевски: Како синдикат изразуваме поддршка за борбата против криминалните појави во МВР - 12/02/2025
- Сакате работа од соништата? Заборавете на CV – еве што навистина ви треба - 12/02/2025
- Колку претставки добил Државниот инспекторат за труд за неисплатен К-15 во 2024 година? (Графикон) - 06/02/2025
Залудно е сѐ друго, ако платата на работниците не им е доволна за пристојно да живеат. Засега најголемиот дел од нив само преживуваат, чекајќи да дојде датумот кога ќе ја земат следната плата. Мислам дека доколку би се направила студија за тоа колку се сиромашни самите вработени, резултатите би биле фрапантни. Како и да е, работниците ова веќе го знаат многу добро, бидејќи го преживуваат секој месец.
За многумина одењето на одмор еднаш во годината е луксуз. И тоа внимавајте, зборувам за пет дена во Охрид или некој од другите домашни туристички дестинации, а не пет дена на море. Мислам дека следниов пример веќе го имам кажано, но ќе го кажам повторно. Пред некое време пишував приказна за вработените во Македонски шуми, кои со месеци немаа земено плата минатата година. За таа цел, разговарав со еден вработен во претпријатието кој дваесет години со семејството не виделе еден обичен одмор на некое од нашите езера. Човекот цел живот работи на минимална плата, која знаеме дека не е доволна за да се преживее месецот, а камо ли да се оди на одмор. Сега некој ќе праша: „Епа, штом е така зошто не најде некоја поплатена работа?” Прашањево донекаде е на место, но тука е и фактот дека секоја работа треба да е платена доволно за човек да може да живее еден скромен живот. На пример во Германија минималната плата изнесува 1,750 евра и е доволна да ги задоволи основните потреби. Германците кои земаат минимална плата со добро испланиран буџет, можат да си дозволат еден скромен одмор.
Знам дека ние сме далеку од Германија, но ништо не нѐ спречува како држава да го зајакнеме стандардот и да започнеме платите да ги базираме на трошоците кои треба да се покријат месечно за да се има еден скромен живот без секирање за тоа дали платата ќе стигне за до крајот на месецот.
Ставовите изразени во колумната не ги одразуваат официјалните ставови на Порталот Работник