- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Колку повеќе потрошувачи – толку повеќе поплаки, граѓаните најмногу за жалат при купување бела техника

Колку повеќе потрошувачи - Работник
249views

Пандемијата со Kовид 19 во голем процент ја зголеми побарувачката, но и потрошувачката на белата техника и компјутерите. Но тоа придонесе и до зголемен број поплаки од страна на потрошувачите. Од Организацијата на потрошувачи во Битола велат дека најмногу битолчани се жалеле за клима уреди и лап топ комјутери.

-Колку повеќе има потрошувачи  толку има повеќе проблеми. Најмногу имаше поплаки за клима уреди, лаптоп комјутери , за телевизори и за апарати за домаќинства. Меѓутоа предничеа овие, бидејќи луѓето затворени во оваа ситуација во домот, бараа начин  како повеќе да си го исполнат времето“, рече Снежана Димитровска, Организација на потрошувачи Битола. Затоа ги советуваат граѓаните на што да обрнат внимание кога купуваат производи од бела техника.

„Kога ќе пријават да забележат добро кога е пријавено, затоа што многу често се случува потрошувачот поплаката да му е направена без да e нотирано на која дата, односно без официјален документ  и тогаш тој неможе да докаже дека поминале повеќе од 30 дена откако пријавиил кај трговецот дека има проблем со производот, а тоа е законскиот максимум кој е даден за поправка во гарантниот рок . Значи треба секогаш кога се пријавува да се добие некаква повратна писмена форма дека е пријавено точно тој ден , за некоја поправка која што е нужна кај трговецот“, вели Димитровска .

Димитровска потенцира и дека кога ги купуваат производите потрошувачите треба да ги сочуваат фискалните сметки и гаранциските листови и да проверат дали соодветно се пополнети.

Извор: Сител