МакедонијаПравдаСветот на работникот

Конфекција во Свети Николе нов потенцијален кластер на ковид-19

310views

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, ги повика надлежните инспекторати и институции да излезат на терен во фабриките и да видат дали се почитуваат протоколите при превоз на работниците во светиниколските и штипски фабрики откако бројот на заразени достигна 50 лица, а 75 лица се во самоизолација поради контакт со заболени.

“Ситуацијата е посебно алармантна во конфекцијата ‘Мода’ АД- Свети Николе каде што бројот на заболени се зголемува. Од страна на менаџментот информираа дека во текот на вчерашниот ден во приватна клиника се тестирани вкупно 209 вработени, чии резултати ги очекуваме во текот на денешниот и утрешниот ден”, соопшти Велковски

Тој рече дека очекува надлежните институции и менаџментот на фабриката под итно да ги преземат сите неопходни мерки, а Кризниот штаб повторно ги активирал волонтерите за достава на неопходни прехранбени продукти и лекови на лицата што се заболени и во самоизолација.