Костадиновска Стојчевска: Точно е дека енормно се зголемени платите во културата
Денеска во емисијата „10 Минути“ гостуваше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, со која разговаравме околу кратењето на буџетот на Министерството за култура.
Според неа, енормно се зголемени платите во културата.
„Точно е дека енормно се зголемени платите во секторот култура, јас би можела и со некои цифри како пример… Од 2017 година до 2018 година пр. библиотекар советник за континуирано стручно образование од нето плата 23.369 денари, сега со новиот колективен договор и со овој ребаланс кој што се направи за тие плати да се одржат, е 49.158 денари“, вели Министерката Костадиновска – Стојчевска.
Таа додава дека јавната администрација не подлежи под овој колективен договор, но се прават напори и тие да добијат еден вид бенефит.
Целата изјава тука

