МакедонијаСиндикат

Коцевски: Денес јавно испраќаме барање платите на вработените во МВР да се зголемат за 15 %

   Време за читање 3 минути

Прес – конференција на СПМ:

Денес пред Вас и пред целата Македонска јавност повторно по незнам кој пат ќе го покренеме барањето за покачување на платите во полицијата, јавноста да разбере и свати колку е основната плата на полицаец и ќе испратиме разумно барање до сегашниот Министер барем во овие неколку недели да смогне сили, да не разбере и да го прифати барањето за повисоки плати во Полицијата.

Бидејќи самонаречениот и самопрогласен за „единствен“ МПС толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивен збор „социјален дилалог“ не прават ништо за ова прашање , како Синдикат претходно јавно побаравме да го објават износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА за да дознаат нивните членови колку е основната плата на Полицаец во МВР. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА НА ПОЛИЦАЕЦ во моментов е ни помалку ни повеќе туку 16.332 денари. Да стане појасно за јавноста толку изнесува основната плата за полицаец.

Паралелно на тоа, „ЕДИНСТВЕНИОТ“ како што знае да се претставува само пред Министерот„ за да купи време и да ја сокрие својата неспособност, од неодамна излезе со манипулативно барање пред Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија за наводни 20% зголемување на плата. Јавноста и вработените треба да знаат дека правото на покачување на плати во МВР единствено и согласно Закон го има Министерот за внатрешни работи. Со самото тоа очигледен беше обидот на МПС со нивниот претседател за намерно саботирање на процесот за зголемување на платите бидејќи очигледно не е во полза за нив.

Денес како Синдикат до Министерот јавно испраќаме барање од месец Јануари 2024 година, платите на сите вработени во МВР да бидат зголемени за 15%🎯❗

Зголемувањето на платите за 15% почнувајќи од месец Јануари 2024 година да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет односно пари за повисоки плати во овој момент има.

За крај, мораме да нагласиме дека СПМ во ниту еден момент не се откажа од барањето за 1 евро 1 бод, па нема ни сега. Но мораме да се движиме со постоечките можности и ќе продолжиме да го бараме истото и да се надеваме дека во блиска иднина некој Министер реално ќе може да го согледа тоа и ќе го претвори нашето барање за 1 евро 1 бод во реалност, која полицаецот апсолутно ја заслужува.

„Да направиме од професијата полицаец една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава“- зар не се тоа Ваши зборови г-не Спасовски?