- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Коцевски до Спасовски: Кога ќе ги вратите распоредените полициски службеници на работните места?

Коцевски до Спасовски - Работник
858views

Претседателот на Синдикатот на полицијата во Македонија Орце Коцевски, во емисијата Стадион на Канал 77, на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му постави прашање кое се однесуваше на распоредувањето на вработените во МВР во организациски единици различна од работното место на коешто претходно работеле и кои се надвор од местото на нивните живеалишта. Коцевски појасни дека распоредувањето според Колективниот договор за МВР трае шест месеци и дека не може да се распореди повторно во рок од четири години. 

Тој праша и за надоместокот кој што им следува на вработените во МВР пред да бидат распоредени. 

Министерот Спасовски одговори дека распоредувањето може да се направи најмалку до шест месеци  и дека таа одлука ќе се почитува максимално. 

„Прво да кажам дека се направени многу малку такви распоредувања во службата. Таму каде што се направени им се надоместува правото на превоз и кога ќе истече тој законски рок, ќе треба да се вратат на работните места“, рече Спасовски.