ПравдаСветот на работникот

Кочовски: Апел до работодавачите во Штип да ги заштитат работниците

337views

Во Штип нови 14 заболени во последните 24 часа, се претпоставува дека се вработени во конфекциите ширум Штип. Надлежните како по навика молчат, невладините организации глумат некоја ангажираност колку да останат релевантни во очите на јавноста ( иако во пракса се пасивни и работат за лични интереси ), а решение за проблемите сеуште НЕМА!

Сите претходно наведени субјекти сметаат дека упатувањето на своевиден апел до работниците ќе го решат проблемот со ширењето на пандемијата, но и самите знаат дека коренот на сите проблеми поврзани со ова прашање не лежи кај чесните конфекциски работници, туку некаде на друго место. Наместо да праќаат апели до работниците кои верувам и самите се преплашени од целата ситуација и воопшто не им е мило што ги напуштаат своите домови, би ги замолил барем еднаш да бидат искрени и реални во ваквите тешки ситуации и би ги замолил кога веќе тоа им е крајната помош во спречување на заразата, апел да упатуваат онаму каде што треба!

Кога веќе не знаат самите, еве мала помош од мене 😉

1. Апел треба да се упати до РАБОТОДАВАЧИТЕ кои не обезбедуваат основни заштитни средства на работниците и не обезбедуваат соодветен превоз до работното место! Знам, ќе претрпат одредени трошоци, но поголемиот профит во никој случај не смее да биде причина за загрозување на животот и здравјето на овие луѓе.

2. Апел треба да се упати до ТРУДОВИОТ и ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ! Да, токму овие два инспекторати ( барем на хартија ) треба да бидат најголемите заштитници на работниците. За жал, во пракса се покажаа премногу неефикасни и пасивни, во некои ситуации и премногу незаинтересирани за превземање на навремени дејствија.

3. Апел МОРА да се упати до Локалната и Централната власт! Посебно во оваа ситуација каде што во рацете на СДС се локалната, централната и претседателската власт, тие не само што можат, туку и мораат да работат брзо и ефикасно во решавањето на овој проблем. Колку квалитетно си ја вршеа својата работа до сега, можете и самите да процените…

Затоа, пред некои квази борци за работнички права и корумпирани политичари да им “солат памет“ на работниците и постојано да ги “едуцираат“, нека бидат фер кон нив и вистински нека им помогнат во овие тешки времиња, што преку правилно адресирање на апелите, што преку непосредна помош на самите работници!

Затоа што секој работник е од важност! Затоа што сечиј живот и здравје се од значење! ЗАПАМТЕТЕ ГО ТОА!

Фејсбук статус на Бобан Кочовски, Сектор за труд на Левица.