МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Кочовски: Дали и колку измени на законите, поточно на Законот за работните односи, има поднесено ССМ?

Фејсбук статус на Бобан Кочовски, Движење за социјална правда “Обединети Работници”: 

Дека договорот на определено работно време е користен за разни злоупотреби – тоа е неспорен ФАКТ! Но, од друга страна, што има превземено ССМ како репрезентативен синдикат во Република Македонија?

Дали и колку измени на законите, поточно на Законот за работните односи, има поднесено ССМ со цел да бидат подобрени условите на работниците? 🤔

Дали ССМ има повикано на протести поради кршење на работничките права или пак сметаат дека нема потреба од такво нешто? 👀

И за крај, дали ССМ како “најголем” синдикат наместо да биде најгласниот заштитник на работниците, сепак е пасивен кога треба нешто да се сработи во пракса, односно дали е вистина дека за ССМ е поважна соработката со власта и работодавачите? ⚠️

Се додека не видам реални заложби од било кој синдикат, а во случајов ССМ, нема да ја добијат мојата поддршка и наклонетост! Мојата борба не е за фотеља како што милуваат голем дел од синдикалните “лидери”, мојата борба е борба за секој работник да биде заштитен и да има спокоен живот!