- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Кочовски до работниците: Во никој случај немојте да се согласите на спогодбен отказ!

Кочовски- Работник
420views
Фејсбук статус на координаторот на Трудовиот сектор на Левица Бобан Кочовски:
 
Совет за сите оние работници кои што се наоѓаат во тешка состојба на своите работни места, а особено во угостителскиот сектор – ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕМОЈТЕ ДА СЕ СОГЛАСИТЕ НА СПОГОДБЕН ОТКАЗ!
Независно што ќе ви биде ветено УСНО, тоа ќе нема никаква правна тежина и ќе бидете оставени на цедило, сами на себе. Покрај фактот дека ќе бидете изиграни и оставени без работа, со СПОГОДБАТА ги губите и социјалните права кои што ве следуваат поради невработеност согласно Закон, па со тоа вашето секојдневие би било уште потешко.
Ова наше секојдневие е борба. Егзистенцијална борба. Апсолутно никој нема да ви помогне да го преживеете месецот, освен самите вие, затоа размислете добро пред да потпишувате било што.