ЕкономијаНовости

МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ПОФАЛИ – неговата компанија станала стратешки партнер на моќната Тесла

   Време за читање помалку од минута

Роберт Милески, познат македонски бизнисмен во Германија, денеска преку својот фејсбук профил се пофали дека неговата компанија Introcode станала стратешки партнер на моќната Тесла.

 „Да се пофалам – мојата компанија Introcode стана стратешки партнер на Тесла. Отсега софтвер “Made in Macedonia” во нивните производи и во една од технолошки најнапредните компании во светот“, напиша Милески на својот фејсбук профил. 

За неговата компанија е наведено дека е „технолошки партнер со седиште во регионот Потсдам / Берлин и нуди услуги во развој на софтвер, како и ИТ-администрација, ИТ-консалтинг и ИТ-безбедност, со што успешно го спроведува знаењето стекнато со долгогодишно професионално искуство“.