ПравдаСветот на работникот

Кочовски: Левица стои на располагање на сите работници на кои им се прекршени правата

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Бобан Кочовски од Левица:

АПЕЛ ДО СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА РАБОТНИЧКАТА КЛАСА!

Почитувани сограѓани,

Би сакал да укажам на тоа дека Левица и нејзините членови им стојат на располагање на сите оние лица кои што имаат потреба од помош поради настанатите штетни последици настанати во врска со работниот однос, а се однесуваат на непочитување на мерките поради корона вирусот.

Имено, сите оние лица кои што се избркани од работа, кои што се казнети или на кои што не им е дозволено да бидат во своите домови со своите деца се додека траат мерките превземени поради корона вирусот, можат во периодот од 12 до 20 часот да дојдат во канцеларијата на Левица ЛО Велес, или да се јават на бројот 076 721 194, со цел да превземеме соодветни дејствија со кои што ќе помогнеме на работничката класа.

Ве замолувам да не се плашите од алчните капиталисти кои што се водени од желбата за поголем профит и да се обединиме во оваа битка!

За нашето и здравјето на нашите деца се работи!

Извор: ФБ