Кој е новиот посредник помеѓу Синдикатот и раководството на УЈП?
Илија Манасиев е новиот помирувач меѓу Синдикатот и раководството на УЈП. Предлогот е веќе доставен до Министерството за труд, кое во текот на денот треба и официјално да го назначи.
Потоа течат роковите. Манасиев во наредните 3 дена, односно до понеделник треба да закаже состанок меѓу Синдикатот и директорот на УЈП, каде ќе се бара начин за зголемување на платите од 30%. До тогаш, вработените продолжуваат со протести во траење од два часа. Ако не постигнат договор, од вторник стапуваат во генерален штрајк.
Сепак, дознаваме дека на социо- економскиот совет, кој ќе се одржи утре, Владата скрои конкретен предлог, каде ќе понуди зголемување на платите на цел јавен сектор. Покачувањето би се реазлизирало веднаш, а во следните 2,5 години платите ќе растат согласно порастот на просечната плата и трошоците за живот. Се прават калкулации зголемувањето да биде до 10%, колку што предложи ММФ.
Се што е над тој процент би создало големо и трајно оптоварување на буџетот, наведуваат од Меѓународниот Фонд.
Останува овај предлог колективен договор да го прифати и Сојузот на синдикати, по што ќе важи за сите државни институции, меѓу кои УЈП и Царина.
Извор: Сител