МакедонијаНовостиСиндикат

КСС: Законот за административни службеници не смее да се донесе шверцерски

   Време за читање 2 минути

Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бараат јавна дебата за ова предлог законско решение.

– Не треба да се занемари фактот дека реформите во администрацијата се едно од клучните барања и фундаментална област во Преговарачката рамка со Европската комисија. Новата законска рамка требаше да го подобри управувањето со човечките ресурси низ целата администрација и да помогне да се обезбедат кадри, унапредувања и отпуштања по заслуги на сите нивоа, вклучувајќи ги и високите раководни структури. Со оглед на важноста на овој закон, очекувано беше дека ќе биде донесен во една широка јавна дебата, со вклучување на сите фактори кои што се засегнати од истите, а посебно синдикалните организации коишто ги застапуваат правата на вработените во јавниот сектор, велат од КСС.

Според КСС, не помалку битен е и фактот дека овие законски текстови не го имале поминато филтерот на Државната комисија за спречување на корупцијата која требала да даде препораки за непотизам и политичко влијание во регрутирањето на вработените во јавниот сектор….

– Последниите измени на текстот не беа ставени ниту на ЕНЕР, па нашето прво запознавање со овој предлог закон е од веб страницата на Собранието, посочуваат од КСС.

Предлог-законот за административни службеници, како дел од пакетот закони предлоежни од Министерството за информатичко општество и администрација, е на девен ред на собраниската Комисија за европски прашања, но седницата е презакажана за во 14 часот.

КСС испрати и допис до пратеничките групи, потенцирајќи дека не треба да се донесе Законот.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција побара итен прекин на расправата и донесување на заклучок за одржување на јавна расправа во најбрз можен рок, на која, како што посочија, би биле присутни пратеници од опозицијата, претставници од синдикатите, професори, стручната фела и јавноста.