МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС и САДУ: Срамно и безобразно е награда на квазисиндикат кој јавно одобрува уценување да биде колективен договор

   Време за читање 2 минути

Реакција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС и Синдикатот на администрација и државна управа САДУ по повод потпишувањето на Колективен договор помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и синдикатот на УПОЗ:

Реакција Ви ја пренесуваме интегрално:

Срамно и безобразно е награда на квазисиндикат кој јавно одобрува уценување на вработените во јавниот сектор да биде колективен договор со 4000 членови во име на 55000 работници.

Имено синдикатот кој јавно застана во одбрана на трансферот односно учената на јавниот сектор, кој министерот на информатичко општество и администрација им ја дава на директорите тие самите да одберат кој ќе биде на трансфер листа и кој ќе биде вишок, преку аналитички листови за функционална анализа, сега добива награда во име на пола јавен сектор да потпише колективен договор , а молчи за незаконската фукционална анализа.

Конфедерацијата на слободни синдикати -КСС и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство – САДУ ги повикуваат сите синдикати кои се засегнати од овој манипулативен и крајно популистички потег со скриени намери (со кои може слободно на секој од нас да му се врачи отказ) остро да го осудат и да се спротивстават на ваквите обиди, безсрамно наградата за отказ на нашите колеги да ја сокријат со колективен договор кој ништо посебно не подобрува , а од друга страна го доведува во прашање нашиот договор за вработување што е незаконито и против Уставно.СРАМНО.

Ги прашуваме колкав ќе биде и за кого ќе биде бенефитот. За оние кои ќе добијат отказ и неме кој да ги заштити или за новоите екстремно многу незаконски врботувања кои се членови на квазисиндикатот и роднини и сопартици на Министерот.

Дали за К-15 и дневниците на раководителите треба да бидеме предмет на уцена и да ги изгубиме работните места.

Не, затоа ќе има Револуција.

Доста е.

Нема повеќе молчење.