Uncategorised

КСС и СОНК на средба со Велковски: Клучот е во социјалниот дијалог

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Јаким Неделков, Претседател на СОНК:

Остварена работна средба со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, г-дин Ѓоко Велковски, а во врска со актуелните состојби во детските градинки. Во конструктивна атмосфера беа отворени прашањата во врска со новиот Закон за заштита на децата, Колективниот договор за оваа дејност, проблемите со недостаток на работници во градинките, непочитувањето на нормативите во врска со бројот на деца во групите, новата методологија за пресметка на платите, статусот на административните работници во градинките итн.

Договорено беше дека во наредниот период, СОНК ќе биде вклучен во работна група за изработка на Законот за заштита на деца, а исто така, ќе се отпочне и со преговори за изготвување на нов Колективен договор.

Взаемен е ставот дека по пат на социјален дијалог, очекуваме да се изнајдат најсоодветни решенија за одредени спорни прашања.