- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникотСиндикат

КСС на средба со Шаќири: Преку природен пат со пензионирање да се намалува бројот на вработени во јавниот сектор

КСС на среба со Шаќири - Работник
731views

Бројот на вработени да се намалува по природен пат преку пензионирање за да нема губење на работните места и отпуштање на работниците во јавниот сектор, побарале на денешната средба претставници на КСС на средбата со Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири. 

На средбата главна тема биле реформите во јавниот сектор и предвременото пензионирање. Претставниците на КСС, исто така истакнале дека е потребно да се исполнат соодветни предуслови за добра рационализација на јавната администрација и изработување на функционална анализа.

Advertisement

Според веб објавата на КСС, Министерот најавил формирање на работни групи каде детално ќе се разгледаат барањата и предлозите на КСС кои се однесуваат во врска со законот за административни службеници каде целта е создавање на позитивна клима во јавниот сектор.

Бобан Илијевски

Advertisement
Advertisement

Advertisement