МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: Не тврдиме, само прашуваме и бараме одговори

КСС: Не тврдиме - Работник
222views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС реагира на вчерашниот демант на Министрството за информатичко оштество и администрација и го повикуваат Министерот и министерството да одговорат на поставените прашања. Во соопштението велат дека е многу лесно да се одговори со терминот „лажни вести“, но како што велат, тие не тврдат туку прашуваат. Истакнаа дека изгледа како некој да е затечен во ситуацијата, па почнува да се брани препознавајќи се себеси.

Од КСС поставија уште неколку прашања преку соопштението. Дали е точно дека вработените на определено време и преку Агенција за вработување треба да добијат откази согласно член 76 став 3 од Законот за работните односи, затоа што во М1/М2 образците во делот на причината за вработување  е наведено „поради зголемен обем на работа“ затоа што како велат имало намален обем на работа и администрацијата немала што да работи?

Колку вработени се на тој начин во јавниот сектор и колку ја чинат државата и зашто државата и покрај слабиот буџет се уште ги вработува?

Дали е точно согласно уредбите за одложување на кредитите и извршителите, истите наплаќаат камати за тој период и со тоа нашите долгови ќе се зголемат за одредена сериозна сума?

Дали е точно дека додатоците на плата освен минат труд, работа во смени и за време на празник, надоместок за платен одмор и боледување се стопирани и не се исплаќаат во сите институции кои што го стекнале тоа право согласно одредени закони и колективни договори, и дали тоа е во линија со Уставот, односно дали уредбите се уставни, а делот на плати со надоместоци не се исплатува ???

„Се пушта фама и саркастични памфлети дека наводно вработените во јавниот сектор не знаат што да прават со платите и нема каде да ги потрошат, е па нека излезе сега МИОА и нека даде податок колку вработени вкупно во јавниот сектор примаат основна плата од 14.500 денари до 16.500 денари, и нека ни дадат упатство како да ги потрошиме нашите плати“, истакнаа од КСС.

Нека одговорат кој досега ги реализира уредбите на Владата, одлуките, законите, односно кој е сервис на граѓаните и на приватниот сектор, или пак сметаат дека тоа се именуваните и избраните  лица, поставени да менаџираат со јавниот сектор? Ако не знаат како МИОА и Владата треба да се погрижи за тоа, ние тука немаме никаква вина и одговорност, посочија од КСС.

Од КСС бараат да одговорат дали согласно уредбите на Владата, еден голем дел од администрацијата работеше од далечина т.е. од дома каде што дозволува системот на работа, а таму каде што не административците одеа на работа?